Библиотеката во нашето училиште располага со богат книжен фонд и тоа лектирни изданија, стручна литература и слободна литература. Секоја година се зголемува бројот на книги и тоа преку набавка од страна на училиштето (на барање на учениците), донации од граѓаните на нашата општина и донации од Министерството за образование и наука.

Вкупниот број на  наслови во библиотеката е 17 142 од кои

-стручна литература 894 наслови

– англиски јазик 72 наслови

– француски јазик 28  наслови

-германски јазик 32 наслови

-лектири 13 965

-слободна литература 2 151

Во библиотеката освен книгите е сместена и архивата на училиштето односно главните книги на завршените генерации  од 1993 година и задача на библиотеката е  издавање на дупликати на свидетелства и дипломи за завршено средно образование.