Добро организирано воспитание и образование на децата во училиште претставува концепт кој треба да биде заснован на добри и јасно прецизирани принципи од причина што овој сегмент од  детското воспитание и образование е од голем општествен интерес. Оттаму сѐ е насочено кон подобрување на условите за практична апликација на хуманистичкиот педагошко-психолошки правец, кој е во функција на развој на хумана, креативна, слободна и творечка личност. Имајќи ги предвид практичните согледувања од  досегашната примена на повеќе иновативни воспитно–образовни елементи и програмски остварувања на тоа поле, во текот на септември 2016 година во училиштето е вработен дефектолог – стручно лице за поддршка на учениците со пречки во развојот и потешкотии во учењето, со кое примарно се предвидуваат следниве стратегии и педагошки акции:

  • Учествува во процесот на детекција, дијагностика, евиденција, прогностика, третман, социјализација, интеграција и културно надградување на учениците;
  • работи групно и индивидуално со учениците;
  • води редовна и уредна дефектолошка документација;
  • редовно доставува прилози во досиејата на учениците во текот на нивното напредување;
  • применува современи форми на професионална рехабилитација;
  • врши опсервација на часови во согласност со директорот;
  • работи за унапредување на воспитно–образовниот процес;
  • врши аналитичко–истражувачка работа;
  • соработува со родителите/старателите на учениците и со нив остварува консултативно–инструктивна работа;
  • се ангажира во културна и јавна работа во училиштето;
  • остварува соработка со надворешни соработници;
  • по потреба изготвува извештаи и анализи, како и статистички извештаи;
  • во отсуство на наставник работи со учениците од паралелката;
  • по потреба учествува во изготвување на извештајот и програмата за работа;
  • учествува во унапредување и усовршување на воспитно–образовната методологија, инклузивна програма и практика;
  • врши инволвирање на родителите во институционално воспитно–образовно делување што би рефлектирало и на семејно воспитување;
  • врши интензивирање на педагошка едукација на родителите:
  • учествува во надградување на процесот на стручно усовршување на кадарот во поглед на инклузијата.

Целта на сите наведени стратегии и акции е поставување основа  – секоја детска личност без разлика на попреченоста со која се соочува или не, да се изгради во посебна индивидуа која ќе умее да ги почитува основните норми на општествено живеење, отворање кон семејствата и пошироката околина, почитување на партнерска улога на детето во планирање на сите елементи на воспитно–образовниот процес, како и поголемо активирање на децата и нивната интеракција во процесот на осознавање и идивидуално функционирање.