Гимназијата Љупчо Сантов во град Кочани е формирана во учебната 1945/46 година. Према главните книги кои постојат во училишната архива, бројот на паралелките во таа учебна бил: во I клас 2 паралелки, во II клас 2 паралелки, во III клас 2 паралелки и во IV клас 1 паралелка.
Првата генрација на завршени ученици со IV клас и положен завршен испит бил во учебната 1948/49 година.
Од учебната 1956/57 година е формиран Економски техникум со паралелки во I клас, така што во таа година не се упишувани ученици во I клас во гимназијата. Останатите паралелки во погорните класови во гимназијата постепено изумирале. До укинување на гимназијата дошло поради укинување на гимназиите во помалитегрдаови во С. Р. Македонија, согласно наредбата на Министерството за просвета.
Во учебната 1959/60 година завршила првата генерација на економисти. Учениците од Економскиот техникум наставата ја следеле во сегашната зграда на основното училиште Моша Пијаде-Кочани.
Во учебната 1960/61 година повторное формирана гимназијата во град Кочани со 2 паралелки ученици. Со повторното формирање на гимназијата, бројот на ученици од година во година постепено растеше, додека при упсиот на учениците во I клас во Економскиот техникум опаѓаше. Со повторното формирање на гимназијата, наставата се одвиваше во сегашната зграда на школата, која тогаш носеше назив Економски техникум Љупчо Сантов-Кочани.
Бројот на наставниците при повторното формирање на гимназијата беше минималем, и тоа хонорарни наставници ја изведуваа наставата.
Со одлука и решение на Општина Кочани одлучено е на 29.X 1965 година да се спои Економскиот техникум кон гимназијата и од 1.I 1966 година е извршена интеграција на Економскиот техникум со гиманзијата, така со извршената регистрација на школата при Окружниот суд во Штип носи назив Гимназија со економски паралелки Љупчо Сантов-Кочани.
Во оваа учебна година школата има во гимназиските 23 паралелки, а во економските 11 паралелки, или вкупно 34 паралелки со 1026 ученика.
Бројот на наставниот кадар према потребната квалификација во оваа учебна година, задоволува. Потребни се уште 8 редовни наставника за да се сведе наставата на минимум хонорарни часови. Потреба се осеќа од предметите: математика, хемија, биологија и 2 наставника со завршен Економски техникум за економските паралелки.
Нужно е да се одбележи и тоа што од септември 1964 година постојат самоуп-равни органи на управување при школата.