Бранка Ѓоргиева – Иванова, вработена како педагог во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани од септември, 2009 година

Подрачја на работа на педагогот

Работа со учениците: поддршка на учениците во учењето, следење и поддршка на развојот на учениците;

Работа со наставници: поддршка на наставниците за планирање и реализирање на воспитно – образовниот процес и самоевалуацијата, поддршка на наставниците за работа со учениците;

Работа со родители: индивидуални и групни советувања и консултации со родителите;

Соработка со заедницата: соработка со локалната заедница;

Професионален развој и професионална соработка: поддршка на професионалниот развој и соработката во училиштето;

Аналитичко – истражувачка работа: истражување на воспитно – образовната работа;

Училишна структура, организација и клима: училишна структура и организација (планирање, следење на воспитно – образовната работа, педагошка евиденција и документација, евалуација).