Цветанова Виолетка вработена во СОУ „Љупчо Сантов” – Кочани од 1995/96 учебна година како професор по наставниот предмет психологија со неделен фонд од 6 часа.

Поради потребата да се вработи стручен соработник следната 1996/97 година бев прераспределена на работно место училишен психолог, а да ги реализирам и наставните часовите по наставниот предмет психологија. Од таа учебна година јас работам како прв училишен психолог во училиштето.

По специфични активности од тој перид до денес се следниве:

  • учество во училишните органи и тела (Наставнички совет, совет на паралелки, совет на родители и училишен одбор).
  • учество во изработка на Годишната програма на учичиштето
  • изработка на Годишната програма на учичишниот психолог и наставниот предмет психологија
  • учество во комисии при полагање на матура, при одбрана на проектни задачи од психологија и стручниот актив.
  • изработка на тримесечни, полугодишни и годишни извештаи, презентирани пред Наставнички совет, совет на родители и Училишен одбор.
  • Разговори, индивидуални и групни, со ученици со поголем број на изостаноци, слаби оценки и неприлагодено однесување

– соработка и советување на ученици и родители,

– организирање и реализирање ученички проекти и сл. – со својата аналитичко-истражувачка работа придонесував за унапредување на воспитно-образовниот процес. Учество на многубројни обуки и семинари како учество и релизирање на Сеа проектот

– подобрување на условите за работа во училиштето преку Проектот за модернизација на образованието и одржување на позитивната училишна клима во училиштето

Со реформитањето на гимназиското образование и економската струка учество при полагање државна матура, училишна матура и завршен испит, учество при полагање на екстерно проверувања на знаењата кое оваа 2016/2017 година се укина и многу други активности важни за воспитно- образовниот процес во училиштето.