СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Во рамките на СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани е формиран Училишен спортски клуб  „Љупчо Сантов 2014“, во кој опстојуваат неколку спортски секции:

  • Кошарка (машки и женски)- под  менторство на проф. Мијалче Апостолов.

Кошаркарските екипи  во континуитет постигнуваат завидни резултати а, посебно би ги издвоиле успесите  на машката екипа на гимназијадите (финални државни натпревари) на кои  досега имаат освојувано второ и трето место.

  • Футсал (машки) – ментор проф. Ангелчо Колев

Машкиот футсал тим се натпреварува со променлив успех, досега  успеал да победи неколкупати на општински натпревари и да биде прв на регионално ниво.

  • Футсал и фудбал (женски) – ментор проф. Весна Стојановска

Женскиот футсал и фудбал тим досега успеал да победи на  повеќе општински и регионални, натпревари и да освои второ место на државно ниво.

  • Скијање – ментор проф. Мијалче Апостолов

Скијачите од нашето училиште, редовно  настапуваат на државните натпревари – во рамките на училишен спорт и  секогаш имаме носители на медаљи во разни категории.

  • Тенис – ментор проф. Ангелчо Колев

Тенискиот школски тим,  редовно настапува на државните натпревари во машка и женска конкуренција со забележителни резултати. Во учебната 2016/17 машки 3то место Марио Паунов,  женски Даниела Колева државен првак.

  • Карате и пинг понг – ментор проф. Сашо Постолов

Натпреварите во карате и пинг понг не беа застапени секоја година во рамките на училишниот спорт, но секогаш кога имаа можност нашите натпреварувачи  земаа учество.