ХОР И ОРКЕСТАР


Хорот и Оркестарот во СОУ,,Љупчо Сантов,,-Кочани постојат од 2.000-та година, поточно од вработувањето на професорот по музика Тодор Филипов во ова училиште.Во текот на овие години хорот егзистира како трогласен женски хор.Оркестарот е мешан и во него има флејти,гитари, виолини,тапан,клавир и изворни инструменти а бројот варира од 15-20 во оркестарот и од 30-40 во хорот.За овие седумнаесет години континуирана работа на хорот и оркестарот забележани се низа активности.Настапи на повеќе места со различни поводи на Општинско и Државно ниво.Покрај настапите на Патрониот празник на училиштето речиси секоја година хорот и оркестарот настапуваат на,,Кочански денови на оризот,, ,,Денот на Е.У,,, на доделување на ,,Седмо-септемвриски награди и плакети,,.

Меѓу поголемите реализирани проекти се:

-Создавање и снимање на песната ,,Кочани граду мој,, која има и свој видео запис а која денес е званична песна на градот.Нејзин комплетен автор е професор Тодор Филипов.

-Создавање и снимање на песната ,,Кочанската гимназија,, која исто така има свој видео запис.Автори на оваа песна се професорите по музика Тодор и Љубиша Филипови.

-Еден од поголемите проекти на хорот и орестарот од ова училиште е реализирањето на мјузиклот ,,Бродвеј доаѓа во Кочани,,за чија реализација покрај професорот Тодор Ф. е заслужен волнтерот од УСАИД  Лиен Б.Нашите ученици исто така пееја,свиреа и играа во вториот мјузикал со наслов ,,Бродвеј се враќа во Кочани,,.Со собраните средства од двата мјузикла беа купени изворни инструменти за училиштето, кои сеуште се користат.

-Училишниот хор и оркестар исто така секоја година учествува на хорските и оркестарски смотри кои се одржуваат на Општинско и Државно ниво.Училиштето може да се пофали со многу нагреди на овие смотри.И последната учабна 2016/2017 година оркестарот на ова училиште ја освои високата прва награда на Државно ниво во категоријата ,,Мешани орестри,, а натпреварот се одржа во Кавадарци на 19.05.2017 година.