3ти Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Драги ученици. Вчера недела 3ти декември е одбележан  Mеѓународниот „ Ден на лицата со посебни потреби“. По тој повод и ние како училиште решивме да ги поддржиме сите оние кои имаат потреба од некаква помош,  да покажеме солидарност и дека и покрај различностите што ги имаат, ние сепак сме исти. Она кое можеме да го направиме е многу малку во спредба со тоа колку тие имаат потреба од наша помош наша поддршка. Но колку им е дадено. Многу малку. Сите на нив гледаат како на некој мал сегмент кој постојано се менува или го има или го нема.  И тоа со години е истата слика. На нив повеќето се сеќаваат на нивниот меѓународен ден.

Пред и потоа се препуштени на самотијата, неизвесноста, проблемите и се уште присутната дискриминација. И работите во општеството за нив се движат бавно, а тие немоќно чекаат друг да им помогне и полека да се отвори и светот за нив.

Овие луѓе како во целиот свет така и во Македонија секојдневно се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учество во општествениот живот, и не ретко тие лица живеат во сиромаштија и на маргините на општеството. Често пати општеството и не ги препознава, ги игнорира и ги става во нееднаква полозба во однос на останатите граѓани, односно ги дискриминира и обесправува. Во оваа категорија спаѓаат лица со пречки во видот, слухот, говорот, психички или комбинирани пречки.

Според најновите трендови во нашата република овој празник се повеќе се актуелизира со една цел, да се подигне јавната свест во социјалната средина за прифаќање на различностите како интегрален дел на секојдневното живеење. Сите ние се раѓаме носејќи во себе различни способности, но со вдишување на првиот здив се стекнуваме со исти права. Меѓу правата постои едно мошне важно „Право на еднакви можности или шанси“. Со ова право општеството се задолжува со обезбедување на сите потребни услови за задоволување на посебните здравствени, социјални и образовни потреби на лицата со пречки во развојот. Со еден збор тоа се нарекува инклузија во сите свери на општествениот живот.

Ова не задолжува сите ние да ги прифатиме различностите без страв и предрасуди, да ги рабереме туѓите потреби и да придонесеме со своето дејствување во реализирање на тие права. Во прифаќањето на инклузијата како  прпцес во голема мера свој придонес даде развојот на симедонискиот вредносен систем и култура под кои се подрабира заинтересираност на луѓето за остварување на среќата кај другите, склоност да им се помогне и да им се даде поддршка на другите да бидат поуспешни. Нека е честит денот, и неговото одбележување  нека придонесе за поголемо анимирање на лицата со посебни потреби во целокупниот општествен живот.