ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС НА ТЕМА: „НОЌ НА ТУЃИНЦИ”

СОУ „Љупчо Сантов” – Кочани го распиша V литературен конкурс за краток расказ на тема:

„НОЌ НА ТУЃИНЦИ”

Право на учество имаат сите ученици на СОУ „Љупчо Сантов” – Кочани.

Расказите треба да бидат напишани со македонска поддршка со фонт 12 и да не бидат подолги од 2 (две) страници А4 формат.  Истите треба да бидат доставени во кабинетот по македонски јазик и литература во 2 (два) примероци во затворен плик кој ќе биде потпишан со шифра (псевдоним) и оставени во кутијата која е наменета за конкурсот.

По објавувањето на добитниците на наградите истите е потребно да достават трет пример од расказот со истата шифра (псевдоним) со што ќе докажат авторско право на расказот.

За најдобрите раскази се предвидени вредни награди од училиштето.